Американскиот претседател Доналд Трамп сподели видео генерирано со вештачка интелигенција на својата социјална мрежа Truth Social, кое го прикажува апсењето на поранешниот американски претседател Барак Обама.
Видеото ги прикажува Трамп и Обама како седат и се смеат во Белата куќа, пред агентите на ФБИ да влезат во собата, да го турнат Обама на земја и да му стават лисици. Следната сцена го прикажува Обама како шета низ својата ќелија во портокалова затворска униформа. „Никој не е над законот“, рече Трамп.
Габард се заканува дека ќе ги гони соработниците на Обама
Објавата на Трамп дојде откако директорката на Националното разузнавање, Тулси Габард, се закани дека ќе ги гони службениците на администрацијата на Обама, обвинувајќи ги за подготовка на „предавнички заговор“ за да ја прикажат победата на Трамп на претседателските избори во 2016 година како резултат на руско мешање.
Таа предупреди дека Обама и високите службеници во неговата администрација „поставиле основа за повеќегодишен државен удар“ против Трамп по неговата победа над Хилари Клинтон.
„Фокс њуз“ неодамна објави дека поранешниот директор на ЦИА, Џон Бренан, и поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, се под истрага за наводни злоупотреби поврзани со минатите владини истраги за наводите за руско мешање во изборите во САД.
Разузнавачките агенции во 2017 година проценија дека „целите на Русија биле да ја поткопаат довербата на јавноста во американскиот демократски процес, да ја дискредитира Хилари Клинтон и да ѝ наштетат на нејзината изборност и потенцијалното претседателствување“.
BREAKING 🚨 Donald Trump posted an Ai video of Obama getting handcuffed and thrown in prison
I ABSOLUTELY VOTED FOR THIS 🔥 pic.twitter.com/ZflRcjRKOc
— MAGA Voice (@MAGAVoice) July 20, 2025