Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека пронашол купувач за апликацијата „ТикТок“ во земјата.
Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп рече дека пронашол група „многу богати луѓе“ како потенцијален купувач за „ТикТок“, чии идентитети ќе ги открие за околу две недели, објави Ројтерс.
На 18 јуни, Трамп по трет пат ја одложи забраната за апликацијата „ТикТок“ во Соединетите Држави, освен ако нејзиниот сопственик, кинеската компанија „БајтДанс“, не ја продаде социјалната мрежа.