понеделник, февруари 23, 2026
Дома СВЕТ Трамп нуди милион долари за секој жител на Гренланд?

Трамп нуди милион долари за секој жител на Гренланд?

114

Додека од Белата куќа пристигнуваат информации дека американскиот претседател Доналд Трамп сериозно ја разгледува можноста за купување на Гренланд, данските медиуми паралелно пренесуваат изјави на официјални лица дека данската територија не е на продажба, како и шпекулации за евентуалната цена на најголемиот остров во светот.

Аналитичари на холандската финансиска група Рабобанк излегоа со аргументирана проценка дека САД би можеле да понудат околу 50 милијарди долари за Гренланд, односно приближно еден милион долари за секој од околу 50.000 жители на островот, пренесува данскиот портал БТ.

„Иако директно американско воено преземање изгледа малку веројатно, дипломатските маневри се сосема друга работа. Пристапот на Трамп често се опишува како ‘премногу стап, премалку морков’. Во случајот со Гренланд, можно е да видиме повеќе морков“, се наведува во анализата на Рабобанк.

Иако речиси никој од коментаторите не смета дека ваква трансакција е реална, мнозинството оценува дека ваквата понуда тешко би оставила некого рамнодушен. Дополнително, данскиот устав и законите предвидуваат можност за осамостојување на Гренланд.

БТ дури цитира и интересна изјава на данскиот бизнисмен Мартин Торборг: „Доколку Гренландците навистина добијат добра понуда да прифатат американски пасоши, би било сосема разбирливо ако ја прифатат. Ние, Данците, не треба да ги спречуваме во тоа.“

Меѓу другите дански и гренландски функционери, Аварак Олсен, градоначалникот на Нук, главниот град на Гренланд, цврсто ја отфрли можноста за продажба во интервју за CBS News: „Сметаме дека не се третираат како луѓе што живеат во сопствената земја. Се третираат како предмет на продажба, што е навредливо. Навистина сакаме да го спречиме тоа.“

ИЗДВОЕНИ