сабота, февруари 14, 2026
Дома СВЕТ Камбоџа го номинираше Трамп за Нобелова награда за мир

Камбоџа го номинираше Трамп за Нобелова награда за мир

30

Камбоџанската влада официјално го номинираше американскиот претседател Доналд Трамп за Нобелова награда за мир, нагласувајќи дека неговиот притисок врз Пном Пен и Бангкок придонел за прекин на огнот во неодамнешниот вооружен конфликт меѓу Камбоџа и Тајланд.

Во писмо упатено до норвешкиот Нобелов комитет, камбоџанскиот премиер Хун Манет оцени дека интервенцијата на Трамп помогнала да се спречи „потенцијално разорен конфликт“ и да се врати мирот по заедничката граница.

Манет му ја припиша заслугата на Трамп за „визионерската и иновативна дипломатија“.

Како што е наведено, Трамп се закани дека ќе ги суспендира трговските договори со Камбоџа ако не се согласи „за прекин на непријателствата“, што резултираше со примирје по петдневниот конфликт во кој загинаа десетици луѓе, а повеќе од 300.000 беа раселени.

ИЗДВОЕНИ