Трамп непосредно пред преговорите со Кина: „Царините од 80 отсто се чинат фер“

105

Додека кинеските и американските претставници се подготвуваат за разговори во текот на викендот, американскиот претседател Доналд Трамп му дал насоки на министерот за финансии, Скот Бесант, од каде да започне со преговарање.

Инструкциите ги остави на социјалната мрежа Truth social:

„Царините од 80 отсто за Кина се чинат фер. Одлуката е на Скот Б.“

Американскиот министер за финансии и главен трговски преговарач, Џејмисон Грит, ќе се сретне со кинескиот вицепремиер Хе Лифенг, во Швајцарија за да разговараат за првите чекори во решавањето на трговските спорови.

„Кина треба да го отвори својот пазар кон САД, тоа би било многу добро за нив!!! Затворените пазари веќе не функционираат“, напиша тој и на својата социјална мрежа, со што го постави темпото за претстојните преговори.

Шефот на Белата куќа ги зголеми царините за увоз од Кина на 145 отсто, а Кина возврати со ограничување на извозот на некои ретки минерали и зголемување на царините на 125 отсто.

Администрацијата на Трамп ги опиша разговорите во Женева за време на викендот како чекор кон деескалација на тензиите со Кина.

ИЗДВОЕНИ