Трамп: Нема да го признаеме Сомалиленд – дали некој воопшто знае што е тоа?

358
EPA/Francis Chung / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека САД нема брзо да го следат Израел во признавањето на независноста на Сомалиленд, наведувајќи дека прашањето сè уште треба да се „проучи детално“.

„Сè е во фаза на разгледување. Ќе го проучиме. Јас проучувам многу работи и секогаш донесувам одлични одлуки, а тие се покажуваат како правилни“, нагласи Трамп за „Њујорк пост“.

Трамп, исто така, рече дека не е убеден од потегот на Израел да стане првата земја што ја признава независноста на Сомалиленд и дека претстојните разговори со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху првенствено ќе се фокусираат на ситуацијата во Појасот Газа.

„Дали некој воопшто знае што е Сомалиленд?“, праша Трамп.

Конечно, кога беше замолен да ги коментира понудите на САД до Сомалиленд за пристаниште во стратешки важниот Аденски Залив, Трамп се насмеа и рече: „Одлично“.

Израел претходно го призна Сомалиленд, отцепен регион на Сомалија, како „независна и суверена држава“, рече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, со што Израел стана првата земја што го стори тоа.

Како што објави Ynetnews, Нетанјаху објави дека Израел официјално ја признава Република Сомалиленд, а неговиот кабинет објави дека Нетанјаху и претседателот на Сомалиленд потпишале заедничка декларација.

Министрите за надворешни работи на Сомалија, Египет, Турција и Џибути го осудија признавањето на Сомалиленд, отцепен регион на Сомалија од страна на Израел, соопштија египетски претставници.

ИЗДВОЕНИ