Трамп не престанува со омаловажувањето – денес упати неумесни епитети кон новинарка на „Си-ен-ен“, нарекувајќи ја „глупава и гадна“

68
Фото: EPA/LEIGH VOGEL / POOL

Претседателот на САД Доналд Трамп ја критикуваше денеска новинарката на „Си-ен-ен“ Кејтлин Колин затоа што му постави прашање за зголемувањето на трошоците за новата сала за балови во Белата куќа, нарекувајќи ја „глупава и гадна“.

„Кејтлин Колин со лажните вести на „Си-ен-ен“, секогаш глупава и гадна, ме праша зошто новата сала за балови чини повеќе отколку што првобитно се мислеше пред една година. Реков дека затоа што ќе биде двојно поголема, а квалитетот на завршната обработка и на ентериерот е подигнат на највисоко ниво“, наведе Трамп во објавата на својата социјална мрежа.

Американскиот претседател наведе дека проектот „всушност е под буџетот и пред планираното“, како што се и „сите други проекти“.

Тој нагласи дека целиот проект се финансира со приватни донации, а не со даночните средства на граѓаните.

„Интересно е тоа што , а ретко се известува за тоа, не е користен ниту еден долар од даночните обврзници. Проектот е целосно платен со приватни донации“, нагласи Трамп.

Го критикуваше и „Си-ен-ен“, нарекувајќи го „лажни вести“ и обвинувајќи дека води „корупирана операција“ со напомена дека гледаноста му е толку ниска што „Си-ен-ен“ повеќе не е ни релевантен.

Доналд Трамп и претходната седмица навреди една американска новинарка откако му постави прашање за безбедносната проверка на авганистанските бегалци.

„Дали си ти глупава личност?“, ја праша Трамп за време на обраќањето од неговата резиденција Мар а Лаго на Флорида, пренесена од „Њујорк пост“.

Трамп исто така го критукуваше „Њујорк псот“ порати текст во кој се фокусира на неговите години и се поголемите знаци на замок, нарекувајќи ја авторката на стартијата „новинарка од втор ред која е грда и однатре и однадвор“.

На почетокот на ноември, Трамп нарече и новинарка на „Блумбер“ прасица“, а друга „ужасна личност“.

Белата куќа застана во одбрана на претседателот на САД откако нарече новинарка „прасица“, порачувајќи дека неговите изјави се одраз на „искреност и транспарентност“.

Инцидентот се случил за време на разговор со новинарите на летот, кога Трамп, одговарајќи на прашања за осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн и неодамна објавена е-пошта во која Епштајн тврдел дека Трамп „знаел за девојки“, му коментирал на новинарот: „Замолчи, прасенце!“.

Здружението на професионални новинари (SPJ) ги осуди ваквите постапки, потсетувајќи на историјата на Трамп за користење на понижувачки јазик кон новинарките.

Извршната директорка на Здружението, Каролин Хендри, рече дека омаловажувањето на новинарките не треба да се толерира, дури ни од претседателот.

 

 

ИЗДВОЕНИ