Трамп не падна, ама се сопна! А, му се потсмеваше на Бајден/ВИДЕО

187

Американскиот претседател Доналд Трамп (78) речиси падна на скалите синоќа кога се качуваше во претседателскиот авион „Ер Форс Уан“.

Видеото брзо стана хит на социјалните мрежи, а многумина истакнаа дека Трамп често му се потсмеваше на поранешниот претседател Џо Бајден кога паѓаше на скалите од истиот авион.

Џо Бајден постојано се сопнуваше додека се качуваше по скалите на „Ер Форс Уан“ во март 2021 година. Во деновите што следеа, Трамп го коментираше инцидентот со потсмевлив тон на политичките митинзи и интервјуа, честопати користејќи го за да ја доведе во прашање физичката подготвеност и менталното здравје на Бајден.

На еден митинг, Трамп дури и го имитираше паѓањето на Бајден, што предизвика смеа кај публиката. Во таа прилика, тој рече: „Не паднав кога се качив по скалите. И тоа со кожни чевли!“ Тој додаде дека „светот гледал“ и дека „претседателот на Соединетите Американски Држави не смее да изгледа слаб“.

ИЗДВОЕНИ