Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека не ги решавал војните за да ја добие Нобеловата награда за мир, туку за да спаси животи и нагласи дека нема став по прашањето за можна палестинска државност.
– Никој во историјата не спречил осум војни во период од девет месеци, а јас го сторив тоа. Но, тие ќе прават што сакаат. Што и да прават, во ред е. Јас не го направив тоа за наградата. Го направив тоа затоа што спасив многу животи – објави Гардијан.
Во исто време, Трамп изрази оптимизам за решавање на преостанатите прашања што не беа опфатени со првите фази од договорот за прекин на огнот во Газа, но нагласи дека не сака да заземе став за идна палестинска држава.
– Немам став по тоа прашање. Ќе прифатам што и да се согласат – нагласи американскиот претседател, пренесува Си-Ен-Ен.