Претседателот на САД, Доналд Трамп, го назначи Вилијам Пулт за вршител на должноста директор на Националната разузнавачка служба.
Трамп рече дека Пулт е близок сојузник и има „длабоко искуство во управувањето со најчувствителните прашања на Америка, безбедноста и стабилноста на финансиските пазари“.
Пулт е претседател на одборите на „Фани Ме“ и „Фреди Мек“, кои имаат средства вредни повеќе од 10 трилиони долари.
„Додека служи како вршител на должноста директор на националното разузнавање, Пулт ќе остане директор на Федералната агенција за финансирање на домувањето и претседател на одборите на Фани Ме и Фреди Мек“, рече Трамп.
Пулт доаѓа на позицијата директор на националното разузнавање што претходно ја заземаше Тулси Габард, која неодамна објави планови да се повлече од таа позиција на крајот на јуни, објави „Ен-би-си њуз“.
Вилијам (Бил) Пулт е американски бизнисмен и инвеститор, роден во 1988 година, внук на градежниот магнат Вилијам Џ. Пулт. Дипломирал новинарство на Универзитетот Нортвестерн, а подоцна ја основал инвестициската фирма Пулт Капитал и стекнал голема популарност на социјалните медиуми како филантроп кој јавно донирал пари на лица во нужда.
Во март 2025 година, тој беше назначен за директор на Федералната агенција за финансирање на домување на САД (FHFA), институцијата која ги надгледува хипотекарните гиганти „Фани Ме“ и „Фреди Мек“.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го назначи за вршител на должноста директор на Националната разузнавачка служба (DNI), по заминувањето на Тулси Габард. Пулт привремено ќе ја води американската разузнавачка заедница, која вклучува 18 агенции, иако нема искуство во безбедносниот или разузнавачкиот сектор.
Неговото назначување предизвика контроверзии во Вашингтон. Поддржувачите посочуваат на неговите менаџерски вештини и лојалност кон Трамп, додека критичарите посочуваат на неговиот недостаток на искуство во националната безбедност и неговите минати политички чувствителни истраги за противниците на Трамп.












