Трамп најавува милијарди долари што ќе се слеат во Америка, екс членка на ЕУ се избори за една од најниските стапки

64

Царините на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за увоз од десетици земји, кои се движат од 10 до 50 проценти, стапија на сила во четврток и ја ставија на тест стратегијата на републиканците за намалување на трговскиот дефицит.

Царинската и гранична служба на САД (CBP) почна да собира повеќе царини во 00:01 часот по источно време, по недели неизвесност околу конечниот процент на мерките на Трамп и ги забрза преговорите со земјите од целиот свет кои сакаа да ги намалат.

Производите натоварени на американски бродови и оние во транзит пред полноќ сè уште можат да влезат во САД без нови мерки до 5 октомври, објави CBP претходно оваа недела. Основен процент од 10 проценти претходно беше воведен за увоз од многу земји откако Трамп ги паузираше повисоките царини објавени на почетокот на април. Но, американскиот претседател често ги менуваше своите планови оттогаш, па затоа воведе повисоки стапки за некои земји.

Ова вклучува 50 проценти увоз од Бразил, 39 проценти од Швајцарија, 35 проценти од Канада и 25 проценти од Индија. Во среда, тој објави дополнителна царина од 25 проценти за увозот на руска енергија од Индија, која ќе стапи на сила за 20 дена.

Во пресрет на стапувањето во сила, Трамп зборуваше за „милијарди долари“ што ќе се влеат во касата на САД, повеќето од нив од земји за кои тврди дека ги искористиле САД.

„Единственото нешто што може да ја запре големината на Америка е судот на радикалната левица кој сака нашата земја да пропадне“, напиша тој на својата социјална платформа Truth Social.

Осум главни трговски партнери кои сочинуваат 40 проценти од трговијата со САД постигнаа рамковни договори со Вашингтон, вклучувајќи ја Европската Унија, Јапонија и Јужна Кореја. Тие обезбедија основна стапка од 15 проценти. Велика Британија, поранешната членка на ЕУ се договори за 10 проценти, а Виетнам, Индонезија и Филипините помеѓу 19 и 20 проценти.

 

 

ИЗДВОЕНИ