Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва ќе се обрати до нацијата од Овалната соба на Белата куќа. Обраќањето е закажано за 20 часот по централноевропско време, но сè уште не е познато за што ќе зборува претседателот.
Претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски пред три дена нагласи дека американскиот претседател ѝ дал на Москва „неколку недели“ да направи одредени чекори во преговорите, вклучително и да се согласи на билатерален состанок со Украина, пред повторно да го разгледа воведувањето санкции. Тој рок од две недели истече вчера.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави на 22 август дека Владимир Путин ќе се сретне со Володимир Зеленски дури откако ќе биде подготвена „програмата на самитот“ и дека засега нема такви планови.