вторник, јануари 27, 2026
Дома СВЕТ Трамп на прес-конференција во Белата куќа: Алекс Прети не се однесуваше како...

Трамп на прес-конференција во Белата куќа: Алекс Прети не се однесуваше како убиец, тоа е многу несреќен инцидент

203
EPA/YURI GRIPAS / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не верува дека Алекс Прети изгледал како „убиец“ во Минеаполис, што претставува најдиректна контрадикција на изјавите на некои членови на неговата администрација кои го тврдеа тоа непосредно по убиството на Прети, пишува „Си-ен-ен“.

На новинарско прашање во Белата куќа дали смета дека Прети е „убиец“, Трамп одговори: Не, не како…не“, пренесува „Си-ен-ен“.

По кратка пауза тој додаде дека луѓето не може да доаѓаат на собири со оружје.

„Не можете да носите оружје. Не можете само така да се појавите со оружје…но ова е многу несреќен инцидент“, рече Трамп.

Трамп повика и на „чесна и фер истрага“ за смртното пукање, додавајќи дека лично „ќе го надгледува“ тој процес.

На прашање во вторник дали верува дека смртта на Прети е оправдана, претседателот навести дека ќе биде вклучен во истргата.

„Па, знаете, спроведуваме голема истрага. Сакам даја видам истрагата. Јас ќе ја надгледувам. Сакам многу чесна и фер истрага. Морам да го видам тоа лично“, изјави тој за новинарите додека ја напушташе Белата куќа заминувајќи на пат во Ајова.

Претседателот зазеде поумерен тон од многу свои најблиски соработници, од кои некои го окарактеризираа Прети како „домашен терорист“, пишува „Си-ен-ен“.

Во деновите откако Прити беше убиен од федерални агенти минатата сабота, заменик-началникот на кабинетот, Стивен Милер, го нарече „можен убиец“ кој „се обиде да убие федерални агенти“. Потпретседателот Џ.Д. Венс го повтори тој опис на социјалните медиуми.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, претходно се обиде да го одбрани Трамп од коментарите, велејќи дека не го слушнала претседателот „да го опишува г-дин Прити на тој начин“.

ИЗДВОЕНИ