Трамп му се закани на Маск со сериозни последици доколку ги финансира демократите

436
EPA-EFE/FRANCIS CHUNG / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ќе има „сериозни последици“ за милијардерот Илон Маск ако ги финансира демократите да се кандидираат против републиканците кои гласаат за сеопфатниот буџетски закон на Републиканската партија.

„Ако го стори тоа, ќе мора да се соочи со последиците. Ќе мора да се соочи со многу сериозни последици ако го стори тоа“, изјави Трамп за NBC News во телефонско интервју, но одби да сподели какви ќе бидат тие последици.

Американскиот претседател, исто така, рече дека нема желба да ги поправи односите со Маск по јавната расправија, велејќи дека мисли дека нивната врска е завршена.

Тој додаде дека мисли дека Републиканската партија е пообединета по расправијата со сопственикот на Tesla, истакнувајќи дека не планира да разговара со Маск во скоро време.

„Премногу сум зафатен со други работи. Немам намера да разговарам со него“, рече тој.

Трамп, исто така, го обвини Маск дека покажува „непочитување кон претседателската функција“.

„Мислам дека тоа е многу лоша работа, бидејќи тој покажа непочитување. Не можете да не ја почитувате претседателската функција“, додаде тој, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ