Трамп му се закани на Мамдани дека може да го повлече финансирањето на Њујорк

70

Откако го нарече „луд комунист“, Трамп му се закани нa Зохран Мамдани, кој победи на внатрешните избори во Демократската партија за кандидат за градоначалник на Њујорк.

-Тој мора да ги прави вистинските работи, или ќе го повлечам финансирањето за Њујорк на државно ниво, рече Трамп за „Фокс Њуз.

Додаде дека ако не го стори правилното, ќе остане без пари, а кој и да стане градоначалник на Њујорк мора да се однесува добро или државната влада ќе го погоди финансиски.

Мамдани, пак, рече дека „човек мора да се навикне на фактот дека Трамп сега ќе зборува за тоа кој е, како звучи, како изгледа“ и дека ќе го прави ова за да „одвлече внимание од она за што се бори“.

-Се борам за работните луѓе кои тој во кампањата вети дека ќе ги штити, а кои оттогаш ги предаде. Кога станува збор за моите политички ставови, се нарекувам демократски социјалист, во многу погледи инспириран од зборовите на д-р Кинг од пред неколку децении, кој рече: „Наречете го демократија или демократски социјализам. Мора да има подобра распределба на богатството за сите Божји деца во оваа земја“. И додека нееднаквоста во приходите се намалува на национално ниво, таа расте во Њујорк. На крајот на краиштата, ни треба град каде што секој човек може да напредува, рече Мамдани.

Тој додаде дека не треба да има милијардери, а тоа што му е потребно на Њујорк е поголема еднаквост.

 

ИЗДВОЕНИ