Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека градоначалникот на Минеаполис, Џејкоб Фреј, наводно рекол дека „Минеаполис не ги спроведува и нема да ги спроведува федералните закони за имиграција“, во изјава што тој ја нарече кршење на законот.
„Изненадувачки, градоначалникот Џејкоб Фреј само изјави дека „Минеаполис не ги спроведува и нема да ги спроведува федералните закони за имиграција“. По многу добар разговор со него. Може ли некој близок до него да му објасни дека оваа изјава е многу сериозно кршење на законот и дека тој си игра со оган“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.
Фрeј претходно се сретнал со „царот на границата“ на Белата куќа, Том Хоман, со кого имал „продуктивен разговор“.












