Трамп му попушти на Брисел! Одложени царините

20
EPA-EFE/KENT NISHIMURA

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се согласил да ја одложи до 9 јули примената на царини од 50 проценти за увоз од Европската Унија, додавајќи дека имал „многу пријатен телефонски разговор“ со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, што довело до тоа одложување, објавија денес американските медиуми.

„Фон дер Лајен рече дека сака да премине на сериозни преговори. Таа праша дали примената на царините може да се помести од 1 јуни на 9 јули. Таа го побара тој точен датум и јас се согласив“, изјави Трамп пред новинарите во Њу Џерси, објави Си-Ен-Ен (CNN).

Тој додаде дека претседателката на Европската Комисија реклаа дека треба брзо да се сретнат и да видат дали можат да се договорат околу најавените царини од 50%.

ИЗДВОЕНИ