Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, покажа среден прст и го опцу работникот кој го нарече „заштитник на педофилите“ за време на посетата на фабриката за камиони „Форд“ во Дирборн, Мичиген, објавија американските медиуми.
Белата куќа соопшти дека таквата реакција е „соодветна“ со оглед на тоа што Трамп бил навреден. Во видео објавено на социјалните мрежи, Трамп може да се види како покажува кон лице надвор од кадарот, изговара неколку зборови, вклучувајќи и пцовка, а потоа го крева средниот прст кон лицето кое го нарече „заштитник на педофилите“, алузија на начинот на кој администрацијата на Трамп ја спроведе истрагата за случајот со покојниот сексуален престапник Џефри Епштајн.
Посетата на фабриката му претходеше на неговиот говор за американската економија во Детроит. Директорот за комуникации на Белата куќа, Стивен Чунг, рече дека „ирационална личност беснеела и извикувала вулгарности“ и дека американскиот претседател дал „соодветен и недвосмислен одговор“.
Am I crazy or did Trump just flip off some hecklers? 😂 pic.twitter.com/Zm3cRdD31O
— JT Lewis (@thejtlewis) January 13, 2026












