Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го критикуваше рускиот претседател Владимир Путин за време на средбата со новинарите во Белата куќа денес.
Трамп рече дека рускиот лидер едноставно не е подготвен да ја заврши „својата војна во Украина“, пренесува Ројтерс.
„Слушајте, многу сум разочаран бидејќи Владимир и јас имавме многу добри односи, веројатно сè уште имаме. Тој навистина мора да ја реши оваа војна. Знаете, во моментов во Русија, имаат долги редици луѓе што чекаат за бензин“, рече Трамп.