Трамп: Мислам дека, можеби, имаме договор за Газа

41
Фото: EPA/SARAH YENESEL

Американскиот претседател Доналд Трамп им рече на новинарите во Белата куќа дека верува дека договорот за Газа е многу блиску, непосредно пред да се качи во хеликоптерот „Марин уан“, објави „Скај њуз“.

„Мислам дека можеби ќе имаме договор за Газа“, рече Трамп, додавајќи. „Многу сме блиску до договор за Газа и се чини дека имаме договор“, додаде тој.

Тој нагласи дека верува оти договорот ќе обезбеди враќање на заложниците и дека „тоа ќе биде договор што ќе ја заврши војната“. Трамп сè уште не даде дополнителни детали за неговото тврдење.

Порано денес, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху беше првиот говорник на денот на 80-тата сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, а неговиот говор беше одржан во атмосфера каква што ретко се гледа. Штом зачекори кон подиумот, околу стотина делегати од различни земји станаа и ја напуштија салата во знак на протест против политиката на Израел во Газа.

На почетокот, Нетанјаху рече дека Израел „мора да ја заврши работата против Хамас во Газа“. После тоа, тој директно му се обрати на Хамас. Спуштете го оружјето. Пуштете ги моите луѓе. Ослободете ги заложниците. Сите, сите 48. Ако го сторите тоа, ќе живеете. Ако не, Израел ќе ве гони“, рече тој.

Нетанјаху голем дел од својот говор го посвети на одбрана на воената кампања на Израел и отфрлање на обвинувањата за геноцид. „Обвинението за геноцид е лажно. Се вели дека Израел намерно ги таргетира цивилите. Дами и господа, вистината е спротивна“, рече тој.

ИЗДВОЕНИ