Трамп: Мислам дека и Путин и Зеленски се сериозни во врска со мирот

491
Фото: EPA/YURI GRIPAS / POOL

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес во Мар-а-Лаго во Флорида, пред состанокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави дека постои основа за договор што би бил добар за Украина и дека и Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин сакаат да го постигнат.

Зборувајќи заедно со Зеленски пред неговиот дом во Мар-а-Лаго, Трамп рече дека верува оти Путин е „сериозен во врска со мирот“.

„Премногу луѓе загинаа и мислам дека двајцата претседатели сакаат да постигнат договор“, рече Трамп, објави „Скај њуз“.

Тој додаде дека ќе се постигне „силен“ договор за безбедност за Украина и дека „европските нации се многу вклучени“.

„Чувствувам дека европските нации беа навистина одлични и многу поддржувачки на овој состанок и за постигнувањето договор. Сите тие се одлични луѓе“, рече Трамп, пренесе „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ