Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави дека го замолил рускиот претседател Владимир Путин да се воздржи од напади врз Киев и други места во Украина една недела – поради студената зима.
Русија ја таргетира клучната инфраструктура, оставајќи многу делови од Украина без електрична енергија и греење.
„Јас лично го замолив претседателот Путин да не отвора оган врз Киев и други градови и места една недела, за време на овој… екстремен студ“, рече Трамп на состанокот на кабинетот во Белата куќа.
Трамп тврди дека Путин „се согласил со тоа“, но Русија не даде официјална потврда, пренесува „Бета“.












