Трамп „кумуваше“ на уште едно примирје

134
EPA/NARONG SANGNAK

Долгоочекуваното примирје меѓу Тајланд и Камбоџа конечно е договорено – примирјето стапува на сила вечерва, на полноќ по локално време, изјави специјалниот пратеник Анвар.

Камбоџанскиот премиер Хун Сен и вршителот на должноста премиер на Тајланд, Фумтам Веџаџаџа, постигнаа договор за итен и безусловно прекин на огнот, нагласувајќи дека се подготвени веднаш да ги запрат борбите. Повеќе од 300.000 луѓе од двете страни на границата се раселени, а има и жртви во борбите, иако точните бројки сè уште не се објавени.

Хун Сен го оцени состанокот како многу успешен, изразувајќи надеж дека насилството ќе биде веднаш запрено и дека животот во пограничните области ќе се нормализира што е можно поскоро.

Тој им се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп, како и на лидерите на Малезија и Кина, за нивната улога во медијацијата, а посебна благодарност му упати на својот тајландски колега за она што го нарече конструктивен дијалог.

Неформален состанок на воените команданти ќе се одржи утре наутро во 7 часот, по што ќе следи состанок на одбранбените аташеа, за да се потврди спроведувањето на договорот и да се разговара за следните чекори.

Хун Сен вели дека е време да се обнови довербата и дека сите напори мора да бидат насочени кон мир, стабилност и враќање на луѓето во своите домови.

ИЗДВОЕНИ