Трамп: Конфликтот во Украина може да ескалира во светска војна

38
EPA/GAVRIIL GRIGOROV

Доколку конфликтот во Украина продолжи, тој би можел да ескалира во Трета светска војна, предупреди американскиот претседател Доналд Трамп.

Тој им рече на новинарите во Белата куќа дека би сакал конфликтот да заврши и дека САД работат напорно за да го завршат.

„Овој конфликт во моментов не ги засега САД, освен ако не излезе од контрола. Овие работи завршуваат со светска војна“, рече Трамп.

Новата изјава доаѓа откако американскиот претседател ја опиша Европа во интервју за Политико како „неуспешна“ група нации предводени од „слаби“ луѓе.

„Мислам дека се слаби“, рече Трамп за европските претседатели и премиери, додавајќи: „Не мислам дека знаат што да прават. Европа не знае што да прави“.

Новата безбедносна стратегија на САД беше објавена минатата недела и содржи тези што се одобрени од крајната десница во Европа, како што е унгарскиот премиер Виктор Орбан, но и од Русија.

Во документот се тврди дека Европа се соочува со „цивилизациско истребување“ во следните 20 години.

ИЗДВОЕНИ