петок, февруари 6, 2026
Дома СВЕТ Трамп ќе присуствува на самитот на НАТО во Холандија на крајот на...

Трамп ќе присуствува на самитот на НАТО во Холандија на крајот на јуни

142

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе присуствува на самитот на НАТО закажан за 24 и 25 јуни во Хаг, Холандија, објави „Бета“.

Ова го објави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит.

Откако се врати на власт, Трамп постојано ги повикува членовите на Северноатлантската алијанса значително да ги зголемат своите воени трошоци.

Украина претходно беше поканета на самитот на НАТО, а се очекува да учествуваат 32 шефови на држави и влади.

 

ИЗДВОЕНИ