
Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп изјави денеска дека земјата ќе ѝ продава борбени авиони Ф-35 на Саудиска Арабија во аранжман сличен на оној што САД го имаат со Израел.
Тој наведе дека Израел и Саудиска Арабија се големи сојузници, истакнувајќи дека тие две земји соработувале добро и покрај тоа што немаат формален дипломатски однос, пренесе „Си-ен-ен“.
Додаде дека „може да види“ договор за префрлањето на американските нуклеарни технологии на Саудиска Арабија, но не изнесе повеќе детали.
Трамп истакна дека со судискиот престолонаследник и де факто лидер Мохамед Бин Салам разговарале за Аврамовиот договор и изрази надеж дека ќе добие позитивен одговор по тоа прашање.
Салман наведе дека Ријад сака да биде потписник на Аврамовиот договор, што влучува нормализација на однос со Изрзел, но и дека исто така сака гаранција за решение за двете држави меѓу Израел и Палестина.
„Сакаме Палестинците и Израелците мирно да коегзитираат во регионот“, рече Салман.
Трамп истакна дека Саудиска Арабија се согласила да инвестира 600 милијарди американски долари во САД, на што Бил Салман рече дека „верува во иднината на Америка“ и рече дека Арабија наместо тоа ќе вложи еден трилион американски долари.











