Белата куќа објави фотографија од американскиот претседател Доналд Трамп облечен како Супермен. Неговиот лик, всушност, е ставен на постерот за новиот филм за Супермен, кој деновиве ја имаше својата светска премиера.
Со постерот, во објава на социјалната мрежа „Икс“, Белата куќа напиша: „Симболот на надежта. Вистина. Правда. Американски начин. Супермен Трамп“.
А Супермен Трамп за „Ен-би-си“ Њуз изјави дека во понеделник ќе даде „голема изјава“ за Русија, без да каже детали.
Последнава недела Трамп изрази разочарување од својот руски колега Владимир Путин во врска со војната во Украина. Неговата администрација веќе извесен прериод подготвува закон за санкции кон Русија. Со него се предивдува 500 проценти царина за земјите кои увезуваат руски енергенси и метали. Исто така, високи царини се предвидени и за земјите кои го помагаат руското производство. Овие мерки најмногу ги погодуваат Кина и Индија.
Републикански сенатор изјави дека Трамп е близу до прифаќање на тој закон и изрази надеж дека ќе биде ставен на гласање пред паузата во август.