Трамп „ја запали Америка“: Многу „гадови“ во САД го сакаа Епстин, а сега тврдат дека не го познаваат

71
EPA/GAVRIIL GRIGOROV

„Mногу гадови“ во Соединетите Американски Држави го сакаa финансиерот и осуден сексуален престапник Џефри Епстин, за потоа, кога Епстин беше обвинет за педофилија, „лажно да тврдат дека немаат никаква врска со него“, ова го напиша американскиот претседател Доналд Трамп.

„Среќен Божиќ на сите, вклучително и на многуте гадови кои го сакаа Џефри Епстин, му даваа купишта пари, одеа на неговиот остров, присуствуваа на неговите забави и мислеа дека е најдобриот човек на светот, само за да го ’шутнат како куче‘ кога работите станаа премногу жешки, лажно тврдејќи дека немаат никаква врска со него, дека не го познаваат, велејќи дека е одвратна личност, а потоа обвинувајќи го, секако, претседателот Доналд Џ. Трамп, кој всушност беше единствениот кој се дистанцираше од Епстин, и тоа многу пред тоа да стане модерно“, напиша Трамп на „Трут Соушл“ (Truth Social).

Тој додаде дека ќе има многу објаснувања кога ќе се откријат имињата на сите кои имале врска со Епстин „во тековниот лов на вештерки од страна на радикалната левица“ и „кога ќе се открие дека сите се демократи“. Трамп спореди дека ова ќе биде слична ситуација како кога медиумите пишуваа за наводното мешање на Русија во претходните претседателски избори, за што рече дека било „измислена приказна – целосна измама“.

„Неуспешниот „Њујорк тајмс“, меѓу многуте други, беше принуден да се извини поради своето лошо и погрешно известување за изборите … Сега истите губитници се повторно тука, само што овојпат толку многу нивни пријатели, главно невини, ќе бидат тешко повредени и ќе им биде нарушен угледот. Но, за жал, таков е светот на корумпираната демократска политика! Уживајте во она што би можело да биде ваш последен среќен Божиќ“, додаде Трамп.

ИЗДВОЕНИ