Трамп ја разочара ЕУ: Полна уста закани, а притисок нула!

108
EPA/FRANCIS CHUNG / POOL

Европските лидери остро го критикуваа Доналд Трамп за недостаток на притисок врз Владимир Путин, и покрај неговите јавни изјави и заканите за секундарни санкции.

Лидерите на Европската Унија го изразија своето длабоко разочарување поради целосната неодлучност на американскиот претседател Доналд Трамп кога станува збор за неговиот пристап кон Русија, објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на анонимни извори од дипломатски кругови.

Според овој американски весник, висок европски функционер открил дека европските лидери биле многу незадоволни кога дознале дека Трамп планира директна средба со рускиот претседател Владимир Путин.

„И покрај сите тие големи зборови, Трамп не извршил никаков притисок врз Путин. Ниту едно нешто. Ниту трошка. Нула“, изјавил извор од Брисел за WP.

Доналд Трамп претходно најави дополнителни, таканаречени секундарни санкции за земјите што ги продолжуваат трговските односи со Русија. Сепак, и покрај таа најава, Трамп избегна да зборува конкретно за можни мерки против самата Москва, велејќи само дека „Вашингтон работи на тоа“. Како што појасни, во моментов се водат „сериозни преговори“ во врска со тоа прашање.

 

ИЗДВОЕНИ