Трамп ја распореди Националната гарда во Вашингтон, полицијата под федерална контрола

71
EPA-EFE/Mohammed Badra

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека ќе ја распореди Националната гарда во Вашингтон и ќе ги стави полициските сили на округот Колумбија (DC) под федерална контрола, како дел од напорите за намалување на криминалот во главниот град на САД.

„Најавувам историска акција за спасување на нашиот главен град од криминал, крвопролевање, хаос, беда и уште полошо. Ова е денот на ослободувањето на Вашингтон“, рече Трамп на прес-конференција во Белата куќа, според Си-Би-Ес.

Тој рече дека формално ќе го одобри членот 740 од законот на DC од 1973 година, кој ги става полициските сили во округот под директна федерална контрола.

ИЗДВОЕНИ