Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја отвори „Претседателската патека на славните“ со портрети на поранешни американски лидери по шеталиштето пред Западното крило на Белата куќа, од кои само неговиот претходник Џо Бајден, наместо со портрет, е претставен со фотографија од роботско пенкало „автопен“.
„Претседателската патека на славните пристигна на колонадата во Западното крило“, напиша на платформата „X“, специјалната асистентка на Трамп и советничка за комуникации, Марго Мартин, објави CNN.
Таа објави видео со црно-бели портрети на претседателот во златни рамки кои се поставени по колонадата.
Особено е забележлива фотографијата наменета за поранешниот претседател Џозеф Бајден, кој не е претставен со портрет, туку со фотографија од таканареченото роботско пенкало, исто така наречено „автопен“.
Во јуни, Трамп нареди истрага за употребата на ова пенкало од страна на Бајден при потпишување на меморандум, тврдејќи дека тоа ги докажува неговите намалени когнитивни способности.
Според американскиот претседател, помилувањата што Бајден ги издаде на крајот од неговиот мандат биле „нелегални“ бидејќи користел „автопен“.
The Presidential Walk of Fame has arrived on the West Wing Colonnade
Wait for it… 🖊️👀 pic.twitter.com/ApWfdxfFQa
— Margo Martin (@MargoMartin47) September 24, 2025
Автопен, исто така наречен роботизирано пенкало, е машина што го автоматизира потписот на лицето со помош на пенкало или друг инструмент за пишување, за разлика од скениран потпис, што е дигитална слика од потписот.
Оваа машина може да копира потпис на лицето на голем број на писма, сертификати, дипломи и други документи.