Претседателот на САД, Доналд Трамп, на состанокот со гувернерите во Белата куќа изјави дека денешната одлука на Врховниот суд за укинување на царините е „срамна“, објави „Си-ен-ен“.
Според еден учесник на состанокот, Трамп рекол дека имал резервен план на ум за да ги задржи царините на сила.
Службениците во администрацијата на Трамп се подготвувале за пораз во Врховниот суд, уверувајќи го претседателот дека ако судот ги укине царините, ќе има други начини за нивно спроведување, пренесе „Си-ен-ен“.
За потсетување, Врховниот суд на Соединетите Американски Држави претходно денес пресуди дека Доналд Трамп ги пречекорил своите овластувања кога вовел широки царини со повикување на закон наменет за вонредни состојби.












