Screenshot: X

Американскиот претседател Доналд Трамп извади парче хартија од палтото за време на гостувањето во емисијата „60 минути“ на Си-Би-Ес. На списокот се наоѓал попис на осум војни за кои Трамп тврдеше дека ги завршил.

„Донесов список. Погледнете го ова. Војни. Колку завршив. Камбоџа и Тајланд. Косово и Србија. Конго и Руанда. Пакистан и Индија. Тие соборија седум авиони. Израел и Иран, знаете? Египет и Етиопија. Етиопија изгради голема брана. Ерменија и Азербејџан. И ако погледнете, Израел и Хамас, што е, знаете, тешка ситуација“, рече Трамп.

„Завршив осум од девет војни. Знаете како ги завршив. Во 60 проценти од случаите, реков: „Ако не престанете да се борите, ќе ставам царини на вашите земји и нема да можете да работите со Соединетите Држави“, додаде тој.

Водителката Нора О’Донел го праша зошто ваквите тактики не функционираат со рускиот претседател Владимир Путин.

„Мислам дека со Путин функционира. Се однесував поинаку со него бидејќи не работиме многу со Русија, знаете? Тој не е некој што купува многу од нас. Но мислам дека би сакал. Мислам дека сака да дојде и сака да тргува со нас и сака да заработи многу пари за Русија. Тоа ми се допаѓа“, одговори тој.

Водителката беше љубопитна дали може да склучи договор со Путин во следните неколку месеци.

„Мислам дека ќе го направиме тоа, да. Мислам дека тој навистина сака да работи со Соединетите Држави. Функционираше со Индија, и функционираше со Пакистан, и функционираше со 60 проценти од тие земји. Можам да ви кажам, ако не беа царините и трговијата, немаше да можам да работам“, нагласи Трамп.

ИЗДВОЕНИ