Трамп испрати нуклеарна подморница кај Русија! Медведев: Повторно Холивуид и лоша глума

126
EPA/EKATERINA SHTUKINA/ SPUTNIK / GOVERNMENT PRESS SERVICE / POOL MANDATORY CREDIT

Заменик-претседателот на рускиот совет за безбедност, Дмитриј Медведев, ги коментираше изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека „Русија малку се заканувала“, па затоа морал да испрати нуклеарна подморница на рускиот брег.

„Американскиот претседател Доналд Трамп, како второкласен холивудски актер, повторно зборува за подморници кои наводно биле испратени на рускиот брег“, напиша заменик-претседателот на рускиот совет за безбедност, Дмитриј Медведев, на платформата Max.

„Во новата епизода од бруталниот холивудски трилер „Американски нуклеарни подморници како средство за одмазда за непријателски објави на социјалната мрежа X“, класичниот американски актер од Б- категорија на филмови, Доналд Трамп, повторно зборува за подморниците што ги „испратил на рускиот брег“, опишувајќи во оваа епизода дека биле „многу добро скриени“. Но, како што вели легендарната советска детективска серија, крајот е очигледен: „Тешко е да се најде црна мачка во темна соба, особено ако ја нема таму“, напиша Медведев на својот канал на платформата Max.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Русија неодамна „упатила мала закана“ кон Вашингтон,па тој испратил нуклеарна подморница на рускиот брег. Тој рече дека помошник на рускиот претседател Владимир Путин го спомнал зборот „н“ – нуклеарно оружје, и дека одлуката е донесена за да се држат САД „во состојба на готовност“.

ИЗДВОЕНИ