Претставници на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и Кит Келог, ќе отпатуваат во Истанбул за да присуствуваат на преговорите меѓу Русија и Украина, објави Ројтерс, повикувајќи се на извори, а пренесува Спутник.
Како што објави Си-Ен-Ен, Келог и Виткоф моментално планираат да се ограничат на следење на преговорите меѓу Русија и Украина во Истанбул.
Претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави дека е подготвен за директни разговори со Владимир Путин во четврток, 15 мај.
Кремљ сè уште не го објави составот на делегацијата, но портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков рече дека тоа ќе се случи „кога претседателот ќе смета дека е потребно“.