Трамп: Имаме контрола врз иранското небо, никој не го прави тоа подобро од добрите стари САД

223

Доналд Трамп штотуку објави на социјалните мрежи дека САД „целосно го контролираат небото над Иран“, пренесе „Њузвик“.

„Сега целосно и тотално го контролираме небото над Иран. Иран имаше добри системи за надзор на воздушниот простор и друга одбранбена опрема, и тоа во големи количини, но не може да се спореди со американската опрема – дизајнирана, конструирана и произведена во САД. Никој не го прави тоа подобро од добрата стара Америка“, објави сегашниот претседател на САД.

САД долго време обезбедуваа воена помош и опрема за Израел – но официјалниот став на Вашингтон од почетокот на нападот во петокот беше дека САД не се вклучени во израелските напади врз Иран.

ИЗДВОЕНИ