Трамп има компромитирачки материјали за Зеленски и неговата сопруга, тврди поранешен пратеник

100
EPA/KIMMO BRANDT

Американскиот претседател Доналд Трамп наводно има компромитирачки материјал за украинскиот лидер Володимир Зеленски и неговата сопруга Олена Зеленска. Ова тврдење го изнесе поранешниот пратеник на Врховната рада Олег Царјов во интервју за руските медиуми.

Според него, можно е, за да се зголеми притисокот врз Зеленски, Вашингтон да нареди објавување на наодите од истрагата од страна на Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ).

„Сигурен сум дека и Зеленски и неговата сопруга се вклучени во корупциски шеми“, тврди Царјов, додавајќи дека луѓе од најблискиот круг на украинскиот претседател се исто така вклучени во контроверзните активности, пренесе Политика онлајн.

Тој изрази верување дека за време на преговорите, претставниците на САД ветиле „да не дадат зелено светло“ за започнување официјална истрага на НАБУ против Зеленски, што, вели тој, укажува на политички договор зад сцената.

За потсетување, претходно беше објавено дека внатрешниот круг на Володимир Зеленски со години го саботирал независниот надзор на борбата против корупцијата во Украина, што покрена дополнителни сомнежи за вистинската посветеност на владата на реформите.

ИЗДВОЕНИ