четврток, февруари 5, 2026
Дома СВЕТ Трамп им забрани на странските студенти да се запишуваат на Харвард

Трамп им забрани на странските студенти да се запишуваат на Харвард

35
video screenshot

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, објави дека го суспендира приемот на странски студенти на Харвард за шест месеци, наведувајќи ги причините за националната безбедност и оценувајќи дека дозволувањето на таков упис е „штетно за интересите на САД“.

Оваа одлука доаѓа по повеќемесечен конфликт меѓу Белата куќа и еден од најпрестижните американски универзитети. Харвард претходно одби да ги исполни барањата на администрацијата за обезбедување податоци за странски студенти, што доведе до суспендирање на федералното финансирање.

Во својата последна изјава, Трамп го обвини Харвард за „широки врски со странски земји“ и за „кршење на граѓанските права на своите студенти и вработени“. Во претседателскиот декрет се наведува:

„Се утврди дека е потребно да се ограничи влезот на странски државјани кои доаѓаат во Соединетите Држави исклучиво или првенствено за да студираат на Харвард.“

Покрај забраната за нови уписи, декретот го повикува државниот секретар да размисли за откажување на визите што веќе им се издадени на студентите што веќе посетуваат Харвард, со можност за продолжување на забраната и по истекот на почетниот шестмесечен период, јавува Би-Би-Си.

ИЗДВОЕНИ