Tрамп и постави ултиматум на Русија: „Имате рок од 50 дена!“

92
EPA-EFE/ALEXEI NIKOLSKY / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Американскиот претседател Доналд Трамп откри нов безбедносен план со кој ѝ се заканува на Русија со „сериозни секундарни царини“ доколку не се согласи на договор за прекин на војната во Украина во рок од 50 дена.

Зборувајќи во Белата куќа заедно со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, Трамп рече дека е „многу незадоволен“ од однесувањето на Москва и рече: „Доколку нема договор, ќе воведеме царини од околу 100 проценти“.

Во исто време, тој најави испорака на „оружје во вредност од милијарда долари“ на Украина. Ова е модел во кој САД произведуваат оружје, членките на НАТО го купуваат, а потоа го предаваат на Украина.

„Тоа има совршена смисла“, рече Трамп, истакнувајќи дека Украина го добива оружјето, а САД заработуваат пари.

„Историска одлука“
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, го нарече тоа „навистина голема работа“, додавајќи дека новиот аранжман ќе ѝ овозможи на Украина да ја одржи својата одбрана од Русија.

„Украина сега ќе може да добие огромни количини воена опрема – од воздушна одбрана до ракети и муниција“, рече Руте, нагласувајќи дека Европа јасно се позиционира како одговорен партнер.

Ултиматум за Русија

„Европејците го преземаат својот дел од одговорноста“, додаде тој, нарекувајќи ја одлуката на Трамп „историска“.

Во истиот говор, Трамп рече дека руската инвазија во 2022 година можела да се спречи: „Сето тоа е муабет додека ракетите не бидат насочени кон Киев. Тоа мора да престане“.

Тој повтори дека лично го предупредил рускиот претседател Владимир Путин во неколку наврати и дека нема повеќе одложување – Украина ќе добие оружје, а Русија, во случај на одбивање да се склучи мир, царини.

ИЗДВОЕНИ