Трамп го разбива европскиот сон: Австрија и Италија први за „ослободување“

510

Новата Стратегија за национална безбедност на САД (НСБ) отворено ја означува Европската Унија како „проблем“ што го поткопува националниот суверенитет и претставува закана за американските интереси.

Документот го критикува Брисел за задушување на суверенитетот, цензурирање на слободата на говорот, катастрофални миграциски политики и слепо следење на „штетната идеологија за климатските промени“. Доколку трендовите продолжат, Европа ќе биде „непрепознатлива“ за 20 години, предупредува НСБ, алудирајќи на ризикот од „цивилизациско исчезнување“. Решението? Поддршка за „патриотските“ десничарски сили и активна американска интервенција за враќање на континентот кон традиционалните вредности.

Според извештаите од „Дифенс Уан“, во проширена верзија на стратегијата, Трамп сака да ги извлече Австрија, Италија, Унгарија и Полска од ЕУ, враќајќи го нивниот целосен суверенитет, првите чекори кон распаѓање на Унијата како јадро на најголемиот глобалистички проект на Европа. Џорџи Мелони, некогаш сметана за „умерена“ во Брисел, сега е клучен сојузник на Вашингтон против „бриселската бирократија“. Рим и Виена, заедно со Будимпешта и Варшава, стануваат лостови за колапс на системот одвнатре. Зад јавната критика на глобализмот лежи скриен интерес: поделена Европа би била полесна за билатерална контрола и преговори, без силен обединет блок кој би се спротивставил на американските барања.

Брисел е во шок, Урсула фон дер Лајен ги отфрла критиките, Каја Калас ги нарекува „провокација“, а европските лидери признаваат дека делови од документот се „неприфатливи“. Додека елитата молчи, германската АфД, италијанската Лига и австриската ФПО слават, откако добија моќен сојузник преку океанот.

Најтешкиот удар е врз Украина, Вашингтон бара итен мир „по секоја цена“, без гаранции за Киев и со блокада на понатамошното проширување на НАТО. Ерата на американскиот чадор над Европа е завршена.

ИЗДВОЕНИ