четврток, јануари 29, 2026
Дома СВЕТ Трамп го пронајде писмото што му го оставил Бајден во Овалната соба

Трамп го пронајде писмото што му го оставил Бајден во Овалната соба

105
EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Американскиот претседател Доналд Трамп го пронашол писмото од неговиот претходник Џозеф Бајден, кое го оставил во фиоката на масата во Овалната соба во Белата куќа, но не откри што пишува во него.

Трамп го нашол писмото додека потпишувал серија извршни наредби.

„Можеше да поминат години пред да го најдам“, рече Трамп, пренесе Фокс њуз.

Трамп предложи сите во собата заедно да го прочитаат писмото.

Оставањето писмо од еден претседател на друг е традиција стара 36 години, воспоставена од поранешниот претседател Роналд Реган.

Во 1989 година, по два мандати, Реган остави порака за неговиот наследник Џорџ Буш, а четири години подоцна Буш остави порака за неговиот наследник Бил Клинтон.

 

ИЗДВОЕНИ