
Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп изјави денеска дека претседателот на Украина Володимир Зеленски ќе ја пропушти можност за мир „ако не почне да дејствува“, наведувајќи дека Русија сака да постигне договор.
„Русија сака да постигне договор и Зеленски ќе мора да дејствува. Во споротивно ќер пропушти голема можност. Мора да преземе чекори“, изјави Трамп на прес-конференција во Белата куќа, пренесува „Ен-би-си-њуз“.
Се очекува дека претставниците на САД, Украина и Русија да одржат уште една рунда разговори на почетокот од следната недела во Женева, наведува американската телевизија.
Трамп го повтори своето предупредување дека Иран ќе сноси последици доколку преговорите за неговата нуклеарна програма неуспат.
„Мислам дека ќе бидат успешни. А ако не бидат, тоа ќе биде лош ден за Иран“, рече тој.
Како што наведува „Ен-би-си-њуз“, повикувајќи се на два неименувани извори кои се запознаени со одлуката, ударната група на носачот на авионите УСС Форд ги напушта карибите и се движи кон Блискиот исток, додека претходно во регионот пристинга борбена група носачи УСС Абрахам Линколн, пренесува „Танјуг“:











