Трамп го повлече рокот за прифаќање на мировниот план што ѝ го даде на Украина, преговорите остануваат без временска рамка

0
Фото: EPA/JIM LO SCALZO / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека повеќе не инсистира на претходно споменатиот рок Украина да го прифати мировниот предлог поддржан од САД до четврток, наведувајќи дека „неговиот рок е денот кога сè ќе заврши“.

Трамп оцени дека Русија во моментов има предност на терен и дека, како што рече, би било во интерес на Украина да постигне договор, предупредувајќи дека Москва би можела да преземе дел од украинската територија во наредните месеци.

Тој нагласи дека американските преговарачи бележат напредок во разговорите со Русија и Украина, тврдејќи оти Москва прифатила „одредени отстапки“, но не откривајќи што точно било договорено.

Мировниот предлог, првпат објавен од „Ројтерс“ минатата недела, предизвика силна загриженост во Киев и европските престолнини, поради сомневања дека администрацијата на Трамп се обидува да ја притисне Украина да потпише договор кој ѝ оди во полза на Москва.

ИЗДВОЕНИ