Трамп го потврди првиот копнен напад врз Венецуела: „САД уништија голем објект како дел од кампањата…“

79
EPA/YURI GRIPAS / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД минатата недела уништиле „голем објект“ во Венецуела како дел од кампањата за притисок врз Каракас, но не даде дополнителни детали за наводната воена акција на САД.

„Тие (Венецуела) имаат голема фабрика, или голем објект, од каде што доаѓаат бродовите. Ние го уништивме пред две ноќи. Им нанесевме многу голем удар“, рече Трамп во интервју со радио водителот и донатор на Републиканската партија, Џон Кациматидис, објави Си-Ен-Ен.

Трамп не прецизираше за која конкретна компанија се осврнува или каде се наоѓа во Венецуела.

Како што забележува CNN, неименуван функционер на американската администрација, коментирајќи ги изјавите на Трамп, појасни дека американскиот претседател се осврнува на објект на нарко-картел, но не даде никакви дополнителни детали за наводниот напад.

Коментарот дојде за време на дискусијата за тековната кампања на Трамп против Венецуела и нејзиниот претседател Николас Мадуро, која вклучува напади врз наводни бродови за дрога и блокада на санкционирани танкери за нафта, објавува CNN.

ИЗДВОЕНИ