Претседателот на САД, Доналд Трамп, го презентираше својот предлог од 21 точка за прекин на војната во Газа за време на пристигнувањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа.
На заедничката прес-конференција во Белата куќа по средбата со Трамп, Нетанјаху реќе дека денешната средба е клучен чекор не само за завршување на војната во Газа, туку и за поставување на темелите за мир на целиот Блиски Исток.
„Го поддржувам вашиот план за завршување на војната во Газа“, рече Нетанјаху, осврнувајќи се на планот на Трамп од 20 точки за мир.
Израелскиот премиер додаде дека планот ќе обезбеди Хамас повеќе да не го загрозува Израел и им се заблагодари и на израелските војници кои, како што вели, „се борат како лавови“ против „варварството“.
„Сите заложници мора да бидат вратени во рок од 72 часа“
Нетанјаху рече дека сите заложници – мртви и живи – мора да бидат вратени во рок од 72 часа. Тој вели дека на сите треба да им се даде можност да го сторат тоа мирно, но ако Хамас го отфрли планот или го прифати, а потоа не го спроведе, „ние ќе ја завршиме работата“, вели Нетанјаху.
„Може да се направи на лесен или на тежок начин, но ќе се направи“, рече тој.
Палестинска власт
Нетанјаху рече дека тие не ја воделе оваа „ужасна“ борба за да го задржат Хамас во Газа. Тој додава дека Палестинската власт не може да има улога во Газа без „радикални и вистински реформи“. Тој вели дека овој мировен план може да биде „нов почеток“ за Газа и целиот Блиски Исток.
Израелскиот премиер вели дека Абрахамските договори можат да се „оживеат“ и да се прошират на други арапски и муслимански земји.
Нетанјаху издвои двајца членови на тимот на Трамп кои ги доближуваат до заедничка цел. Тој особено им се заблагодари на специјалниот пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф, и Џаред Кушнер, зет на Трамп, за „нивната неуморна посветеност на зближување на Израел и арапските држави во регионот“. „Длабоко сум благодарен за нивниот ангажман“.