Трамп го обвини Зеленски дека не го прочитал предлогот за мир во Украина

46
epa12542653 US President Donald Trump speaks to members of the media on the South Lawn of the White House before boarding Marine One in Washington, DC, USA, 22 November 2025. EPA/GRAEME SLOAN / POOL

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го критикуваше својот украински колега, Володимир Зеленски, дека не го „прочитал предлогот“ за мир во Украина што Вашингтон го презентираше пред три недели, што е предмет на одделни разговори со Москва и Киев.

„Разговаравме со (рускиот) претседател Владимир Путин, разговаравме со украинските лидери – вклучувајќи го Зеленски, претседателот Зеленски – и морам да кажам дека сум малку разочаран што претседателот Зеленски сè уште не го прочитал американскиот предлог“ за решение во Украина, изјави американскиот претседател доцна синоќа, разговарајќи со новинарите на церемонија во Вашингтон, пренесува „Бета“.

„Тој (планот) ѝ одговара на Русија, мислам дека Русија би сакала да ја има целата земја, но не сум сигурен дека му одговара на Зеленски“, додаде Трамп.

Откако американскиот план беше презентиран пред речиси три недели, се одржаа неколку рунди разговори со Украинците во Женева и Флорида, во обид да се промени текстот во корист на Киев.

Документот му беше презентиран на Путин и во вторник за време на посетата на Москва од страна на американскиот претставник Стив Виткоф и Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател и неформален посредник.

Се појавија малку детали за ревидираниот план, откако Киев и Европејците ја оценија првичната верзија како во голема мера поволна за Русија.

ИЗДВОЕНИ