Трамп го објави датумот на ждрепката за Светското првенство 2026

25
Фото: EPA

Ждрепката за Светското првенство ќе се одржи на 5 декември во „Центарот Кенеди“ во Вашингтон, објави американскиот претседател Доналд Трамп.

„Тоа е веројатно е најголемиот спортски настан“, рече Трамп во Овалната соба до претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, држејќи го трофејот наменет за победникот на Светското првенство.

На Светското првенство, кое ќе се одржи следната година во САД, Канада и Мексико, ќе учествуваат рекордни 48 национални тимови.

Планирано е да се одиграат 104 натпревари, додека финалето е доделено во Њу Џерси, каде што се играше и финалето на Светското клупско првенство оваа година.

Светското првенство е закажано за 11 јуни до 19 јули следната година.

ИЗДВОЕНИ