Tрамп го нарече напаѓачот на Националната гарда „животно“, oбјавувајќи дека војниците се „во критична состојба“

242
EPA/YURI GRIPAS / POOL

Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп го нарече напаѓачот на припадниците на Националната гарда „животно“, објавувајќи дека обајцата се во „критична состојба“.

„Животното што застрела двајца припадници на Националната гарда, при што објацата се тешко ранети и сега се наоѓаат во две различни болници, исто така е тешко рането, но, без оглед на тоа, ќе плати многу висока цена“, напиша претседателот на социјалната мрежа „Трут соушал“, пренесува „Би-би-си“.

Двајца припадници на Националната гарда беа застрелани во близина на Белата куќа. Полицијата соопшти дека едно осомничено лице е во притвор. На терен е и ФБИ.

„Бог нека ја благослови нашата Национална гарда, како и сите наши воени и полициски сили“, истакна тој.

ИЗДВОЕНИ