Трамп го исполни ветувањето, невладините обвинуваат: Досието на Мартин Лутер Кинг е обелоденето за да се одвлече вниманието од случајот Епстајн

426

Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, на владината веб-страница објави околу 200.000 страници со записи од надзорот на ФБИ врз Мартин Лутер Кинг, и покрај противењето на неговото семејство и на групата за граѓански права што тој ја водеше до неговото убиство во 1968 година.

Пред објавувањето, известено е неговото семејство, вклучувајќи ги и неговите две живи деца, Мартин Трети и Бернис, кои имале можност да ги прегледаат записите.

– За време на животот, нашиот татко беше цел на инвазивна, немилосрдна, предаторска и длабоко вознемирувачка кампања со дезинформации и надзор, оркестрирана од Џ. Едгар Хувер преку Федералното истражно биро (ФБИ), изјавија тие, повторувајќи го својот став дека Џејмс Ерл Реј, кој е осуден за атентат врз Кинг, не бил единствено одговорен, ако воопшто бил.

Децата на убиениот лидер за граѓански права, исто така, напишаа дека веруваат дека нивниот татко бил убиен како дел од заговор во кој биле вклучени „неименувани соучесници, вклучувајќи ги и владините агенции“.

Некои активисти за граѓански права не го поддржаа објавувањето на документите.

– Објавувањето на досиејата за атентатот на МЛК од страна на Трамп не е за транспарентност или правда. Тоа е очаен обид да се одвлечат луѓето од огнената стихија што го зафати Трамп околу досиејата на Епстајн и јавното разоткривање на неговиот кредибилитет во базата на МАГА, рече отец Ал Шарптон.

Центарот „Кинг“, основан од вдовицата на Кинг, а сега предводен од Бернис Кинг, реагираше одделно од она што Бернис го кажа заедно со својот брат. За центарот, објавувањето е одвлекување на вниманието – но од нешто повеќе од краткорочна политичка контроверзност.

 

ИЗДВОЕНИ