Трамп ги заострува правилата: Ќе се одбиваат барања за визи поради дијабетес и гојазност

54
EPA/JIM LO SCALZO / POOL

САД воведуваат построги правила за издавање визи – кандидатите со дијабетес, гојазнос ти хронички болести би можеле да бидат прогласени за непогодни.

На странците кои бараат престој во Соединетите Американски Држави може да им биде одибено барањето за виза доколку имаат одредени медицински состојби, како дијабетес или гојазност, според директивата на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Си-би-ес њуз“.

Во телеграмата која Стејт департментот им ја испратил на амбасадите и конзулатите се наведува дека службениците за виза треба да ги прогласат подносителите на барање за влез во САД неприклади доколку постои можност тие да станат „потенцирајлен товар за американските ресурси“.

Новите правила значително го прошируваат списокот на медицински состојби кои мора да се земат предви и им даваат на службениците поголеми овластувања да ги базираат одлуките за имиграција врз здравјето на подносителот на барањето. Директивата е дел од пошироката политика на администрацијата на Трамп за намалување на имиграцијата.

Чарлс Вилер од Католичката мрежа за легална имиграција објаснува дека упатството „веројатно ќе се користи само во случаи кога луѓето бараат постојан престој во Соединетите Држави“. Во телеграмата, меѓу другото, се наведува дека „мора да ја земете предвид медицинската состојба на подносителот на барањето. Одредени медицински состојби, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на кардиоваскуларни заболувања, респираторни заболувања, рак, дијабетес, метаболички заболувања, невролошки заболувања и ментални нарушувања, можат да бараат стотици илјади долари нега“.

Во телеграмата се додава и дека треба да се земе предвид и гојазноста бидејќи „сите овие состојби би можеле да бараат скапа, долготрајна нега“. Службениците мораат да проценат и, како што се наведува, „дали подносителот на барањето има соодветни финансиски ресурси да ги покрие трошоците за таквата нега во текот на целиот очекуван животен век, без барања за јавна парична помош или долготрајна иституционализација на трошок на државата“.

Вилер предупредува дека е „проблематично тоа што службениците за издавање визи немаат медицинска обука ниту искуство сами да ги проценат идните ризици“, како и дека таквите проценки можар да бидат субјективни.

Во телеграмата се бара и службениците да ја земат предвид и здравствената состојба на членовите на семејството: „Дали некои од издржуваните членови на семејството имаат инвалидитет, хронични медицински проблеми или други посебни потреби и дали имаат потреба од нега поради која подносителот на барањето за виза не може да го задржи работното место?“

Инаку, имигрантите веќе се подложуваат на медицински преглед кај лекар одобрен од американската влада.

 

ИЗДВОЕНИ